Жбогар: Состојбата не е драматична

16.02.2017 15:09

Не треба да драматизираме, треба на партиите да им се даде повеќе време за формирање влада- изјави во Берово претсавникот на ЕУ во змејава, Самуел Жбогар.

Не е тешка политичката состојба во земјата, не треба да драматизираме, треба на партиите да им се даде повеќе време за формирање влада- изјави во Берово претсавникот на ЕУ во змејава, Самуел Жбогар. 

„Не мислам дека состојбата во земјата е толку тешка, не треба да драматизираме. Имавме избори и нормално е да се даде повеќе време за да можат политичките лидери да формираат влада. Гледам дека политичките партии се веќе ангажирани. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои што се поторебни“, изјави евроамбасадорот Жбогар.

СДСМ, пак, сѐ уште го очекува одговорот од ДУИ. Портпаролот на партијата, Петре Шилегов денеска изјави дека органите и структурите на СДСМ во целост се согласни со политиките кои ги води претседателот на партијата. Нагласи дека не постои незадоволство кај членството.