Кулминираа протестите во Тузла
07.02.2014 10:13
Полицијата со солзавец ја растера толпата гневни граѓани од пред зградата на кантоналната влада во Тузла...

Полицијата со солзавец ја растера толпата гневни граѓани од пред зградата на кантоналната влада во Тузла, Босна и Херцеговина. Хоспитализирани се над 100 потешко повредени полицајци и 28 граѓани кои минале со полесни повреди.
Уапсени биле 27 лица, од коишто 24 се пуштени, а тројца добиле кривични пријави за напад на службено лице. Медиумите јавуваат дека засега состојбата е мирна и дека сообраќајот се нормализирал. Најавени се нови протести низ повеќе градови во земјата.
Безредијата во БиХ почнаа пред два дена. Работниците на неколку некогашни гигантски фирми и фабрики, гневни, без работа и без плати, се обидоа да влезат во Владата на кантонот на Тузла. Разгневената толпа целосно го уништи првиот кат од владината зграда, а премиерот и министрите под силно полициско обезбедување биле евакуирани на спореден влез.
