Извозот на вино со 30% раст во 2016-та

17.02.2017 10:28

По лошата 2015-та на винариите лани им тргна извозот. Тој бил поголем за 30 проценти минатата година. Македонското вино особено се пиело во земјите од Европската унија, каде што наливното се продало за повеќе од 55 проценти од лани, а поголема била и продажбата на виното во шишиња.

Лани во 2016-та година, извозот на македонското вино во шишиња бил поголем за 7, а за 6 проценти поголема била и заработувачката од продажбата на виното од претходната 2015-та.

Најмногу се продало наливното вино, и тоа двојно повеќе литри само во земјите членки на Европската унија, со што во 2016-та година вкупно вино било извезено повеќе за скоро 30 насто.

Лошата вест е што и покрај зголемувањето на продажбата лани имало и значителен тренд на намалување на цените на светскиот пазар на вино. И тоа не поради квалитетот, туку поради поголемата понуда.

За среќа, истовремено лани имало и зголемување на извозот на трпезно грозје иако минимално од 1 процент, но сепак тенденција која тре неколку години по ред.

 

Методија Трајков