ОМД: Обновена Конгресната група за пријатели на Македонија во САД

17.02.2017 10:36

Македонија е витален партнер на САД кога станува збор за американската национална безбедност во светот. Исто така, македонската дијаспора е составен дел од заедницата и ги промовира американските интереси...

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) информира дека синоќа конгресмените Дејв Трот (Републиканец од Мичиген), Брендан Бојл (Демократ од Пенцилванија) и Стив Стајверз (Републиканец од Охајо) ја обновија Конгресната група на пријатели за Македонија и Македонските- Американци за 115-от Конгрес.

Македонија е витален партнер на САД кога станува збор за американската национална безбедност во светот. Исто така, македонската дијаспора е составен дел од заедницата и ги промовира американските интереси, се вели во соопштението на конгресмените Дејв Трот, Брендан Бојл и Стив Стајверз.

Конгресмените Трот, Бојл и Стајверз ќе служат како копретседавачи на оваа група, која ја сочинуваат  31 американски конгресмен.