Евзони делумно деблокиран
На грчка страна тракторите се уште стојат на местото каде што беа поставени, но таму нема луѓе и едната лента од меѓународниот автопат е слободна за сообраќај на интервентен превоз од страна на автомобили и камиони.

Граничниот премин „Богородица-Евзони“ на македонско грчката граница по 18 дневна целосна блокада од страна на грчките земјоделци, утрово е делумно деблокиран, велат од дежурната полициска служба на граничниот премин Богородица.
На грчка страна тракторите се уште стојат на местото каде што беа поставени, но таму нема луѓе и едната лента од меѓународниот автопат е слободна за сообраќај на интервентен превоз од страна на автомобили и камиони.
Официјално се уште течат преговорите на грчка страна со земјоделците кои треба да одлучат дали во текот на денот целосно ќе ја отстранат блокадата на автопатот Скопје-Солун и ќе преземат други мерки за изразување на нивниот револт, откако не им успеаја преговорите со грчката Влада.
Поради штрајкот на грчките земјоделци преминот Евзони беше целосно блокиран од 30 минатиот месец.
