Нови фито сертификати за поголема заштита на домашното производство

17.02.2017 12:22

Новите сертификати ќе овозможат максимална заштита на домашното растително производство. Испечатени се на 90 грамска хартија и со нив се потврдуваат квалитетот и потеклото на производите при извоз и реекспорт, истакна директорот на Инспекторатот, Цветан Трипуновски.

Со цел заштита на домашното производство, Државниот инспекторат за земјоделство изготви нови фитосанитарни сертификати. Со нив ќе се овозможи максимална заштита на растителните стоки од домашно производство и се потврдува квалитетот и потеклото на производите при извоз и реекспорт. Новите сертификати ќе почнат да се издаваат од први јуни годинава.

Новите сертификати ќе овозможат максимална заштита на домашното растително производство. Испечатени се на 90 грамска хартија и со нив се потврдуваат квалитетот и потеклото на производите при извоз и реекспорт, истакна директорот на Инспекторатот, Цветан Трипуновски.

Новите сертификати се разликуваат од претходните по специфичната изработка која ги сведува на нула шансите за можна злоупотреба, а покрај основните информации, прикажани на македонски и на уште пет други јазици, имаат воден жиг и холограм од грбот на Државниот инспекторат за земјоделство.