Откупени 24,4 милиони килограми тутун
17.02.2017 12:24
До вчера се преземени 24,4 милиони килограми, а просечната цена е 196,80 денари, соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски.

Откупот на тутунот е во завршна фаза. До вчера се преземени 24,4 милиони килограми, а просечната цена е 196,80 денари, соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски.
До овој момент нема никакви проблеми со текот на откупот. Се надеваме дека многу скоро ќе биде откупен и полесдниот килограм од реколтата 2016, истакна Трипуновски.
Крајниот рок за откуп на тутунот е 15-ти март 2017 година. Според производителите, родот е со одличен квалитет поради што и цената е повисока, а субвенциите изнесуваат 60 денари за килограм.
