МРТ на пилотски вежби за испит
Почнал со едриличарство, преминал на моторно летање на авион, а сега е на испит за преобука за управување хеликоптер Бел 412...

Почнал со едриличарство, преминал на моторно летање на авион, а сега е на испит за преобука за управување хеликоптер Бел 412.
-Каква е метеоролошката состојба во реонот каде што ќе летаме?
-Временската прогноза е тивко, без ветер. Видливост 10 километри. Имаме 1 до 3/8 облачност на 1.200 фити .
Подготовките за испитниот лет привршуваат. Се проверува леталото. МТВ присутна на испитниот лет.
Сонот од детството, за Боби е веќе реалност. Првиот лет е највозбудлив за пилотите.
„Ми се јави желба и професионално да се занимавам со воздухопловство и сега како пилот во МВР ми се исполни сонот и хобито да ги спојам со професионална работа“, вели Боби.
Пилотите концентрирани на летот, а ние на убавините кои имавме можност да ги видиме од височина. Глетка од која ви застанува здивот, а вам ви доловуваме дел од скопската панорама.
МВР располага со 7 хеликоптери од неколку типа. Во единицата има врвни професионалци со долгогодишно искуство. Летаат секаде каде што има потреба.
Оваа единица учествува за потребите на МВР, за потребите на специјалните единици, посебните, граничната линија, за сообраќајната полиција, како и за превоз на вип личности.
Големо срце, да се сака професијата, да се има желба за напредување и добрите психофизички способности се предуслов за секој пилот.
„Небото веќе не е лимит“ за оние што сакаат да станат пилоти. Конкурсот што го распиша МВР е веќе во тек. Неостварениот сон за некого може да стане реалност.
Има различни ситуации – од извлекување од ризични места до спасување животи. Една таква – човек се изгубил на Матка барајќи пеперутки. Но, полициските хеликоптери слетуваат на секаков терен.
За искусен пилот не претставува проблем да се приземји леталото на секаков терен.Се разбира мора да се води сметка и за безбедноста.
Патувањето го продолжуваме.
Летот веќе привршува, но да го видиме и резултатот.
Началникот на Одделот за воздухопловна единица на младите им порача:
„Им препорачувам да се пријават на конкурсот, затоа што оваа работа, покрај тоа што е опасна, е и интересна и возбудлива.“
Конкурсот за нови пилоти што го објави МВР ќе трае до 21 февруари. Заинтересираните се уште имаат време да се пријават. Ние се обидовме да им ја доловиме барем за момент возбудливата професија – пилот. Останува, заинтересираните сами да се уверат во тоа.
Наташа Гркова-Петрушевска
