„Диво Насеље“: Еден од обвинетите бил организатор и во 2001-ва

17.02.2017 13:19

Со сведочење на обвинетите, продолжи судскиот процес за случајот „Диво Насеље“.

Сами Укшини, еден од обвинетите во случајот „Диво Насеље“ денска сведочеше во Кривичниот суд во Скопје. Тој изјави дека бил еден од организаторите на конфликтот од 2001-та година и дека во 2015-та година му бил вршен притисок од групата од Куманово да дејствува за спроведување на Охридскиот договор.

Според Укшини, договорот до 2004-тата не бил спроведен. Во судот, продолжува сослушувањето на сведоците.