Анкетa: Шулц со поголема поддршка за канцелар од Меркел

17.02.2017 13:48

Мартин Шулц од социјалдемократите би освоил 49 проценти од гласовите на изборите за канцелар, а Ангела Меркел 38%.

Според најновата телевизиска анкета на ЗДФ во Германија, Мартин Шулц од социјалдемократите би освоил 49 проценти од гласовите на изборите за канцелар, а Ангела Меркел 38%.

Во јануари, Меркел беше во водство за четири проценти. Поддршката за демохристијаните се намалува постепено поради мекиот став кон мигрантите.