Почина новинарот и публицист Цветан Станоевски

17.02.2017 14:01

Во редакцијата на „Нова Македонија“ мина 22 години на разни должности и ангажмани. Еден е од иницијаторите и за покренување на вториот дневен весник „Вечер“, член на неговиот прв уредувачки колегиум и уредник на културната рубрика.

На 83 годишна возраст, почина новинарот и публицист Цветан Станоевски. Беше доајен на македонското новинарство. Во редакцијата на „Нова Македонија“ мина 22 години на разни должности и ангажмани.

Еден е од иницијаторите и за покренување на вториот дневен весник „Вечер“, член на неговиот прв уредувачки колегиум и уредник на културната рубрика.

Во 1967 го покренува и станува одговорен уредник на третото издание на „Остен“, а по враќањето во „Нова Македонија“, станува главен и одговорен уредник на магазинот „Журнал“,  помошник на главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“, и во тоа својство ги покренува неделниците „Екран“ и „Починка“.

Цветан Станоевски ќе биде погебан утре во 12:30 часот.