Заев: За нас е прифатливо секое барање кое е во рамки на Уставот

17.02.2017 15:00

Не знаеме кога ќе има конечно решение, работна група од СДСМ ја разгледува понудата на ДУИ, дополнува Заев.

За нас е прифатливо секое барање кое е во рамките на уставот, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев. Не знаеме кога ќе има конечно решение, работна група од СДСМ ја разгледува понудата на ДУИ, дополнува Заев.

„За нас е сè прифатливо што е во рамките на Уставот, сѐ она кое претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница, секако имајќи ги предвид и потребите на граѓаните од другите етнички заедници. Тие две рамки, уставно да биде одржливо и практична потреба на граѓаните ја претставува рамката и јас верувам дека ќе успееме да изнајдеме решение“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.