Охрид ќе добие современа марина

07.02.2014 10:41

Охрид ќе добие современа марина која најверијатно ќе се изгради помеѓу старото пристаниште и малото пристаниште пред хотелот „Палас“...

Охрид ќе добие современа марина која најверијатно ќе се изгради помеѓу старото пристаниште и малото пристаниште пред хотелот „Палас“. Финансиските средства за овој проект ќе ги обезбедат министерството за транспорт и врски и локалната самоуправа.
 
Проектот за изградба на марина по сите светски стандарди е во напредна фаза.Во моментот се работи на идејното решение,по што ќе следи тендер за изработка на основен проект,со што ќе се создадат услови за изградба на современа градска марина.
 
Поради големината на марината,една од можните локации каде што таа ќе се гради се посочува просторот помеѓу двете постојни пристаништа.
 
Финансиските средства за изградба на марината ќе ги обезбедат министерството за транспорт и врски и локалната самоуправа,а како што рече охридскиот градоначалник,најголемиот дел од парите се веќе издвоени.
 
Сашо Нелоски