Над половина милион Американци без струја поради снежната бура

07.02.2014 10:45

Студеното време и натаму владее во повеќе делови на САД. Над 500 илјади Американци во североисточните делови на земјата се без електрична енергија поради силните снежни врнежи. Меѓу најпогодените се жителите на Пенсилванија и Мериленд. 
 
„Најстрашното е што студеното време ви влегува во коските. Го чувствувате од глава до петици“, вели еден граѓанин. 

„Овде е постудено отколку надвор“, „Бурата е полоша од ураганот Сенди бидејќи беше во лето, па работниците не мораа да ги расчистуваат снегот и мразот како сега“, се коментарите кои можат да се слушнат од граѓаните на овие делови на САД. 
 
Во некои области снежната покривка достигнала 30 сантиметри. Во повеќе сојузни држави се затворени училишта и владини објекти. Во неколку области е прогласена вонредна состојба.