Во Маврово слаб снег, на места намалена видливост поради магла
Поради појава на магла видливоста е намалена на патните правци Гостивар-Кичево од 30-50 метри, Маврово 50, Виница-Берово 50 и на планинскиот превој Плетвар од 50-70 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има во Маврово, соопшти АМСМ.
Поради појава на магла видливоста е намалена на патните правци Гостивар-Кичево од 30-50 метри, Маврово 50, Виница-Берово 50 и на планинскиот превој Плетвар од 50-70 метри.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
