Штрајк на железничарите, сообраќајот во прекин
Од Македонски Железници- Транспорт велат дека вториот дел од платата за декември 2016-та ќе им биде исплатен на вработените пред почетокот на викендов, а на крајот на месецов и платата за јануари.

Веќе трет ден возовите не сообраќаат во земјава. Ова е резултат на штрајкот на вработените во Македонски Железници- Инфраструктура кои бараат исплата на платите.
Од Македонски Железници- Транспорт велат дека вториот дел од платата за декември 2016-та ќе им биде исплатен на вработените пред почетокот на викендов, а на крајот на месецов и платата за јануари.
Оттаму објаснуваат дека лани поради блокадите во Грција, но и поради миграциската криза Македонски Железници претрпеле загуба од пет милиони евра. Исто така биле вратени долгови од 15 милиони евра по што повторно се јавуваат финансиски предизвици во претпријатието.
Во оваа недела предвидени се разговори во Владата за долгорочно да се решат состојбите во Македонски Железници.
