Ердоган: Референдумот за уставни реформи ќе ја засцврсти демократијата

20.02.2017 10:18

Промените предвидуваат воведување претседателски систем и можност лидерот на државата да биде и лидер на политичка партија.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган тврди дека референдумот за уставни реформи закажан за 16 април ќе значи преродба на силната и стабилна Турција, а резултатите ќе ги посрамотат сите кои не веруваат во државата.

Промените предвидуваат воведување претседателски систем и можност лидерот на државата да биде и лидер на политичка партија.

Владејачката Партија на правдата и развојот и опозициската Партија за националното движење ги поддржуваат уставните реформи, додека опозициските Народна републиканска и Народна демократска партија се против.