Идната недела ќе се одржи карневалот „Прочка“

20.02.2017 10:28

Карневалите во овој период значат- продолжување на вековните традиции, но и преку маските да се отслика времето во кое живеење. Ги одржуваат ли традициите карневалите и живее ли познатиот мајтап кај народот? Идната недела е Прочка. Време за богат карневал, но и за простување...

Време е на карневали, преправање, маскирање. Се испраќа студеното, темно време, радосно се пречекуваат будењето на природата и светлоста.

Преку Вевчанскиот, Бамбурсиот, Струмичкиот, Прилепскиот карневал- народот со маските ги праќа пораките. Да исмее и да се насмее, да ги зачува традициите, но и да го вметне современото.

Но, колку се одржува традицијата, а дали останал мајтапот?  Прилепчани со свој став.

Прочка е на прагот. Се навестува богат карневалски викенд во Прилеп. Над 1.000 маскирани, гости од 10- ина земји.

Прочка е и за простувањето. Дали искрено умееме да простиме или имаме могу гревови.

Идната недела на Прочка во Прилеп ќе се видат раскошните карневалски маски, а и ќе се знае - кој кому искрено му простил.

 

Елизабета Митреска