Пари за брак во Лозово
По Свети Николе и општина Лозово финансиски ќе ги стимулира ергените и девојките во поодминати години да основаат брачна заедница...

По Свети Николе и општина Лозово финансиски ќе ги стимулира ергените и девојките во поодминати години да основаат брачна заедница. Дваесет илјади денари, толку локалната власт ќе им исплати на стотината ергени и осумте девојки .
„Со оваа одлука се очекива да се зголеми наталитетот во општината, кој е во опаѓање“, рече Орце Цветковски, градоначалник на општина Лозово.
Во обидот да се зголеми бројот на браќни заедници, локалната самоуправа има подршка и од приватниот сектор.
„Директор на компанија ќе им понуди можност за вработување на оние лица кои ќе одлучат да стапат во брак“, рече Цветковски.
Цветковски , откриова дека секое семејство од оваа компанија ќе добие по 50 илјади денари за опремување на домашна бања, и ќе ги подмирела медицинските трошоци на идните мајки до породувањето .
За жителите на Лозово ова е интересна понуда, но сигурни де дека ако имаат ергените и момите сигурна работа нема да има потреба од вакви стимулации.
Добра одлука ама требало да имаат младите постојана работа, сметаат граѓаните.
Лозово е општина со 2.858 жители , во изминатите години наталитетот нагло опаѓаше. Тој тренд е прекинат со носењето на девојки од Албанија. Сега со оваа мерка Цветковски очекува дека за шест години сега празните училишни дворови ќе бидат полни со дечиња.
Дијана Иванова
