Оперативите мерки отвориле 40.000 работни места
Фирма од Тетово корисник на владините мерки за вработување покажува како може да се развива приватниот бизнис. Министерот за труд и социјална политика Ибрахими, со директорот на Агенцијата за вработување, Поповски беа во Брвеница во компанија со 60-тина вработени, дел од оперативниот план за вработување.

Оперативните мерки за вработување даваат резултати, само во изминатите десет години отворени се 40.000 нови работни места. Надлежните велат интерес кај компаниите има, владината помош за бизнисите ќе продолжи и понатаму.
Тетовската фирма „Агропал“ која 20 години работи на македонскиот пазар искористила три мерки од оперативниот план и преку нив вработила 15 луѓе.
Компанијата ја посетија и од Агенцијата за вработување. Директорот Попоски рече дека и натаму ќе продолжи помошта и поддршката на бизнисите преку сите владини мерки кои им се нудат на компаниите.
Надлежните најавија дека освен со мерките кои се во нивна надлежност ќе се обидат во следниот период да бидат медуим преку кој ваквите и слични компании ќе можат да побараат помош и од другите министерства и државни институции со цел понатамошен нивен развој и отворање нови работни места.
Викторија Милевска
