Нови избори- единствен излез од кризата
По средбите на лидерите на двете албански партии, ДУИ и Алијанса на Албанците, дел од експертите појаснуваат дека излез од сегашнава политичка состојба може да има само во нови парламентарни избори.

По средбата на ДУИ и Алијансата на Албанците на која ги разгледуваа опциите за формирање на парламентарно мнозинство со собирање на потписи, во фокусот на разговорите бил Законот за употреба на јазиците, кој албанските партии го поставуваат како главен услов за подршка на македонските политички партии во составувањето на новата влада. На средбата, било договорено за три дена да се формира тело составено од по двајца претсавници на албанските политички партии потисници на пластформата од кое треба да произлезе новиот закон за употребата на албанскиот јазик.
За аналитичарот Даштевски, единствен излез од политичката криза се нови парламентарни избори, кои би се одржале заедно со локалните избори. Со оглед дека барањата на албанските политички партии за употребата на албански јазик, се противуставни и длабоко задираат во унитарниот каракет, Даштевски верува дека и СДСМ нема да може да со стави Влада со политички партии чии платформи се креирани во Титрана и Приштина.
Даштевски е категоричен дека барањата на политичките партии на Албанците станаа порадикални, откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев излезе со ветувања до гласачи за двојазичност на целата територија на Македонија, односно за уставни промени кои што би биле вовед најпрво до кантонизација, а потоа и до федерализација на земјава.
Само со нови избори, смета Даштевски, може да се стабилизира полотичката состојба и постепено земјава да се насочи кон решавање на економските и социјалните проблеми на граѓаните.
Игор Панов
