Поранешни функционери на МВР под истрага за изборни нерегуларности

20.02.2017 11:02

Од Обвинителството информираат дека се води предистражна постапки за утврдување на сомневањата дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела.

Поранешни високи функционери на МВР и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица под лупа во Јавното обвинителство. Се сомничат за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања.

Од Обвинителството информираат дека се води предистражна постапки за утврдување на сомневањата дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела.

За целосно утврдување на фактичката состојба, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција врши проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази, се вели во соопштението.

Делата за кои се водат постапките биле вршени во 2014-та и 2016-та година.