Стапува на сила примирјето во Источна Украина
20.02.2017 11:22
Борците поддржани од Русија и украинаската армија веќе 30 месеци непрекинато војуваат.

Примирјето меѓу бунтовниците и силите лојални на прозападните власти во Киев ќе стапи во сила денеска. Договорот беше постигнат на Минхенската безбедносна конференција меѓу Киев, Москва, Париз и Берлин.
Борците поддржани од Русија и украинаската армија веќе 30 месеци непрекинато војуваат.
Во јануари насилствата ескалираа. Во последниот судир загинаа двајца војници, а 16 беа повредени.
