Министерот за одбрана на САД во ненајавена посета на Багдад
20.02.2017 12:34
Пентагон води нова операција за истерување на бунтовниците од Исламска држава од Мосул, нивното последно упориште. Ова е уште едно несогласување меѓу шефот на Пентагон и шефот на Белата куќа.

Министерот за одбрана на САД Џејмс Метис, кој е во прва и ненајавена посета на Багдад, тврди дека американската војска не е таму поради нафтата иако претходно претседателот Трамп изјави дека требале да ја задржат по ликвидирањето на Садам Хусеин во 2003 година.
Пентагон води нова операција за истерување на бунтовниците од Исламска држава од Мосул, нивното последно упориште. Ова е уште едно несогласување меѓу шефот на Пентагон и шефот на Белата куќа.
Метис не се согласи со Трамп ни за користење на мачењето како тактика во испрашувањето на затвореници.
