Акција „Мрежа“: 30-дневен притвор за петмина осомничени за трговија со дрога

20.02.2017 12:56

Од скопскиот Кривичен суд велат дека притворот им е определен поради опасност на бегство и страв дека осомничените може да го повторат делото.

30 дена притвор им одреди судијата на претходна постапка на петтемина осомничени за трговија со дрога кои беа уапсени во полициската акција „Мрежа“.

Од скопскиот Кривичен суд велат дека притворот им е определен поради опасност на бегство и страв дека осомничените може да го повторат делото.

Од обвинителството вчера информираа дека за петтемина осомничени поседуваат материјални и други докази кои упатуваат на нивната вина.