Трамп измисли терористички напад во Шведска

20.02.2017 13:15

Тврдењата што ги изнесе на митинг во Флорида за време на викендот предизвикаа збунетост во скандинавската држава.

Претседателот на САД се обиде да ги објасни тврдењата околу непостоечкиот терористички напад во Шведска и потенцираше дека забелешките се однесувале на телевизиски прилог за имигрантите. Тврдењата што ги изнесе на митинг во Флорида за време на викендот предизвикаа збунетост во скандинавската држава.

„Не сум изненаден, зашто Трамп си кажува се што му одговара во моментот. Откако победи на изборите, еден новинар го праша дали жали за невистините што ги кажувал за време на кампањата, тој одговори само дека е важно што победил“, изјави Оле Вестберг, новинар и политичар.

Трамп на Твитер напиша дека зборувал за прилог на телевизијата „Фокс њуз" за имигрантите и Шведска.