Ристовски: Запишани 2.000 студени во проектот „30-35“
Се работи за можноста повозрасни лица (мажи над 35 години и жени над 30 години) да се запишат и завршат додипломски студии.

Запишани две илјади студенти во проектот „30-35“ на четирите државни универзитети во земјава. Се работи за можноста повозрасни лица (мажи над 35 години и жени над 30 години) да се запишат и завршат додипломски студии.
„Тие се запишале на некој од четирите државни универзитети што континуирано се дел од овој проект и имаат статус на вонредни студенти, плаќајќи годишен износ на кофинансирање од 200 евра во денарска противвредност. Само во оваа академска, 2016/2017 година, мерката ја искористија 130 кандидати кои аплицираа на објавениот конкурс“, рече Ристовски.
Најголем интерес за завршување на студиите имало на факултетите за техничките, природните и медицинскте науки, информира рсорниот заменик министер, Спиро Ристовски.
