Овации за „Кралот Лир“ во Велес

07.02.2014 11:07

Ако се има успешен препев, убава сценографија, добра режија и извонредна актерска игра, тогаш и Шекспировиот „Крал Лир“ е лесно разбирлив...

Ако се има успешен  препев, убава  сценографија, добра режија и извонредна актерска игра, тогаш и Шекспировиот „Крал Лир“ е лесно разбирлив. Вчеравечер публика во велешкиот театар ужвиваше во маестарлната премиера  на дело кое е најмалку поставувано во Македонија.  Актерите од ЈХК Џинот уште еднаш покажаа дека и во „малите театрт“ се играат огромни престави. По Онегин ова е најтешката престава која ансамблот заедно со режисерката Ангеловска ја имаат поставено на театарскиот репертуар.

Кралот Лир се издигна над штиците што живот значат во велешкиот народен театар, Публиката  цели 135 минути уживаше во едно несекојдневно прикажувања на настаните кои Шекспир ги пишувал многу одамна но подеднакво се актуелни и денеска. Актерот Јордан Витанов преку ликот на Лир се обиде да даде одговор што е полесно да се биде владетел или родител,  зошто постојат трагедиите  во светот, дали тие се тука за да докажат дека доброто нема да го победи злото и да триунфира во привремена рамнотежа.

„Едно време каде  што се форсира потрошувачкото општество , потрошувачки елемент некоја вртоглава трка по некоја имагинарна среќа и наеднаш имаме чуство дека  ги испуштивме нашите најблиски  околу нас, односно кога ќе се случи некоја  трагична несреќа  тогаш сваќаме дека не сме биле посветени еден за друг“, рече Јордан Витанов.

Да се постави Шекспировиот Лир, за режисерката Звездана Ангеловска  е поеднавко предизик и ризик. По долгиот аплауз на публиката таа е сигурна дека ризикот е надминат.

„Секоја мисла, секое ново препрочитување води кон нови заклучоци  и наведува на нови размислувања, и ве наведува повторно да ја гледате“, рече Звездана Ангеловска, режисер.

Во Кралот Лир покрај Јордан Витанов играат и Васил Зафирчев, Зоран Љутков, Самоил Стојановски, Александар Вељановски, Жарко Спасовски, Марија Стефановска, Кети Борисова, Славица Манаскова, Слободанка Чичевска, Зорица Панчик, Кица Ивковска и Фаик Мефаиловски. 

Публиката со многу емоции ја напушти салата, но и со помислата како Лир би изгледал на сцената во Новата театраска зграда.  
 
Дијана Иванова