Европска мрежа за деловни зделки со странство
Трансфер на технологии и бизнис зделки со над 60-тина земји нуди европската мрежа за бизнис можности на малите и средни фирми во земјава. Програмата е финансирана од ЕУ, а државата учествува со 40 насто во буџетот на проектот.

Преку Европската мрежа за бизнис можности, 44 мали и средни фирми склучиле деловни зделки со компании од странските пазари. Европскиот инструмент што вмрежува 450 милиони субјекти го искористиле да се поврзаат со потенцијални потрошувачи, да добијат информации за извоз, анализа, дистрибутивни пазари и правна регулатива на земјата во која кројат бизнис- посочуваат од Стопанската комора.
„88 македонски комапнии побарале инофмрации за странски пазари, дали има некои бенифиции, дали има некои забрани за пазари, најголем дел од компаниите го користат какви технологии се бараат или се нудат, а од таму црпат идеи или нешто да произведеат или нешто да земат и да го произведат“, посочува Софче Јовановска, Стопанска комора на РМ.
Мрежата им помага и на компаниите во примената на нови технологии и презентирање на иновациите во земјава, во неа се вклучени и македонски истражувачи. Потпишани биле 22 технолошки договори преку кои фирмите ги зголемиле обртот, склучиле нови зделки
„Мрежата во Македонија е исклучтелно економски ефикасна. 44 склучени договори значат дека просечно по еден договор месечно бил склучен. Вложените средства се исплатливи преку финансиските придобивките кои подоцна ги имаат компаниите и истражувачите кои ги оствариле идеите преку мрежата. Во рамките на оваа најголема меѓународна мрежа, 44 проценти од компаниите го зголемиле годишниот обрт, многу компании почнале нови бизниси, истражувачите стекнале контакти за да учествуваат на проекти“, вели Виктор Стојмановски, проект менаџер на ЕЕН.
Европската мрежа за бизнис можности функционира во 60-тина земји, во државава ја користат речиси 10-тина илјади деловни субјекти со тендеција за зголемување на технолошките капацитети. 140-тина веќе добиле совети за интернационализација на бизнисот. Се финансира со пари од Ервопската унија, во Македонија 40 проценти и со средства од државната каса.
Сузана Фиданска- Стоевска
