Владо Малевски, Ристо Крле, Незлобински ги нема во струшката програма за култура

07.02.2014 11:16

Советот на Општина Струга на последната седница ја усвои програмата за култура за годинава...

Советот на Општина Струга на последната седница ја усвои програмата за култура за годинава, но без позначајните јубилеи и настани поврзани со истакнатите македонски културни дејци од градот Струга.

За Програмата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија се расправаше и на претпоследната седница, но таа не беше усвоена, затоа што според претседателката на комисисјата за култура, во Советот ги нема позначајните настани од културата.

„Во програмата ги немаше манифестациите кои сметавме дека се од голема важност. Меѓу нив беа 70 години од формирањето на Првата македонска ударна бригада во Локов, 73 години од првото интонирање на химната на Република Македонија, 30 години од смртта на Владо Малевски, авторот на химната. Не беа ставени одредени манифестации поврзани со струшкиот драмски писател Ристо Крле, со Никола Незлобински, вели Велкоска која е дел од комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија во Општинскиот совет“, вели Николина Велкоска – претседател на комисисјата за култура во општина Струга.

Во новата програма според неа, се вметнати некои други новини, но е и она што претходно било побарано.

Не можеме да одиме против историјата, против 8-ми Ноември, 11 Октомври, ниту против одбележувањето на Ибрахим Темо. Но сметавме дека програмата треба да биде надополнета со предложените настани во интерес на сите граѓани на Општина Струга,  во интерес на историјата, традицијата поврзана со сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност, вели Николина Велкоска,  додава Велкоска.

Како што додава таа, од колегите советници немало конкретно образложение зошто не се прифаќаат предложените културни манифестации.

 

Јованчо Наумоски