Меморандум за поттикнување на женското претприемништво
21.02.2017 09:49
Основната цел е поддршка на Оперативниот план за 2017 година и зголемено вклучување на жените во искористување на активните програми, мерки и услуги за вработување.

Во насока на поттикнување на женското лидерство и претприемништво и зголемено вклучување на жената на пазарот на трудот денеска во Скопје ќе биде потпишан меморандум за соработка.
Основната цел е поддршка на Оперативниот план за 2017 година и зголемено вклучување на жените во искористување на активните програми, мерки и услуги за вработување.
Меморандумот ќе биде потпишан од страна на Центарот за вработување на Град Скопје и 11 здруженија од граѓанскиот сектор.
