Иванов не оди во Сочи поради дефект на државниот авион

07.02.2014 11:28

Посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на зимските олимписки игри кои денеска почнуваат во Сочи е откажана поради сериозен дефект на државниот авион при стартувањето на моторите.

Од Кабинетот на Претседателот потврдуваат дека Иванов изутрината требало да полета за Сочи, но дека тоа не се случило поради дефект на авионот.

Од Кабинетот на Претседателот информираат дека претседателот Иванов, сепак со редовна линија ќе ја продолжи предвидената посета на Москва.