Промовиран дигитален регистар на македонски туристички водичи

21.02.2017 12:55

Овој регистар овозможува пристап до активни и професионални водичи кои ја познаваат туристичката дејност и кои, на овој начин, ќе добијат дополнителна можност за промоција на својата работа, објаснува Бранко Босилков, од Асоцијацијата на туристички водичи.

Од туристичкиот водич зависи какви впечатоци ќе понесат со себе странските гости во земјата. Истражувањата на терен говорат дека најголем дел од оние што се враќаат во земјата добиле квалитетна тура и податоци за историјата, културата и убавините што ги поседува. Промовиран првиот дигитален регистар на активни и квалификувани туристички водичи. А, за нив сѐ уште  е проблем нелојалната конкуренција од странските колеги.

Овој регистар овозможува пристап до активни и професионални водичи кои ја познаваат туристичката дејност и кои, на овој начин, ќе добијат дополнителна можност за промоција на својата работа, објаснува Бранко Босилков, од Асоцијацијата на туристички водичи.

Туристичките водичи, според Елена Иванова, менаџер на секторот туризам, се една од најважните алки во вредносниот синџир во туризмот која има сериозно влијание врз доживувањата на туристите.

Истражувањата на терен покажуваат дека околу 65% од доживувањето на турата е директен резултат на квалитетот на туристичкиот водич. Од нив зависи како туристот ќе ја доживее и со какви впечатоци ќе замине од одредена дестинација, вели Иванова.

Веб регистарот може да го користат туристичките оператори, но и туристите, за спроведување организирани тури со активни водичи.