ФЗОМ ги едуцира пензионерите за нивните права од здравствено осигурување

21.02.2017 14:08

Предвидени се триесет едукативни работилници. Целта е Фондот да ги презентира новините што им се даваат на луѓето од старото доба, но и да ги слушнат нивните проблеми.

Претставници од Фондот за здравствено осигурување и оваа година ќе ги посетуваат пензионерите низ земјава. Предвидени се триесет едукативни работилници. Целта е Фондот да ги презентира новините што им се даваат на луѓето од старото доба, но и да ги слушнат нивните проблеми.

„Сѐ што работиме и се што е цел на нашата работа е да го олесниме движењето на пензионерите во здравствениот систем и нивно полесно добивање здравствена услуга“, изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски.

Добро е што и оваа година ќе продолжиме со оваа акција во интерес на сите пензионери во Република Македонија, истакна претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски.

Наброја неколку теми кои ги интересира пензионерите, како што се Законот за здравствено осигурување, партиципација на лекови, рецепти... Додаде дека веќе две години сите пензионери кои имаат пензија до 12.400 денари имаат право на бесплатно болничко лекување