Попоски за ХРТ: Потребна е Влада со политички мандат што ќе може да носи одлуки
Според вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, во земјава е чувсвтува фрустрација од фактот што сѐ уште не е дел од НАТО и не ги почнала преговорите со Европската унија.

На Македонија ѝ е потребна Влада со политички мандат што ќе може да носи одлуки – вели во интервју за Хрватскиот Јавен сервис, вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски. Според него, во земјава е чувсвтува фрустрација од фактот што сѐ уште не е дел од НАТО и не ги почнала преговорите со Европската унија.
„Главниот дел од затворањето на кризата беа успешно спроведените избори во декември. Тоа беше еден предуслов од политичкиот договор кој го постигнавме во земјата. Во овој момент тешко е да се прогнозира кога и во каков формат би формирале Влада и дали би се одлучиле на повторни избори, но праксата ни покажа дека најдобро е кога имате Влада со политички мандат која може да носи одлуки, и врз основа на одлуките, одлучувате колку е успешна“, изјави Попоски во интервју за ХРТ.
Попоски во интервјуто истакна дека владата предводена од Груевски успеа да оствари најдобри економски резултати, да направи реформи, да добие 7 препораки за почнување на преговорите и да дојде во 2008-ма година во ситуација во која сите услови за членство во НАТО се постигнати.
Доколку владата не била усшена, доколку немало доволно демократски услови кои овозможуваат напредок, вели Попоски, како тогаш сме ги добиле тие препораки за почеток на преговори со ЕУ и како сме дошле до констатација дека се исполнети сите услови за членство во НАТО.
