Избрани 37 дела на Конкурсот од областа на класичната музика

21.02.2017 15:16

За три години Министерството за култура со стимулативната мерка за откуп на дела од областа на класичната музика, поттикна создавање на 128 композиции на 41 македонски автор за кои беа издвоени 15 милиони денари.

За три години, стимулативната мерка на државата за откуп на дела од класичната музика резултираше со создавање 128 композиции од 41 македонски автор. Композиторите велат- создадовме квалитетна музика, Македонија доби богатство од ноти и материјали.

Од Министерството за култура велат дека се задоволни од постигнатите резултати. Голем бил интересот од композиторите за учество на конкурсот.

Според ресорното министерство, конкурсите ќе продолжат и во иднина, за да ѝ се даде стимул на оваа исклучително важна творечка професија.

Најголем дел од поддржаните композиции веќе се изведени пред македонската публика.

Ана Јосифоска- Тодоровска