Од мај директен лет Скопје-Рим со „Алиталиа“

07.02.2014 11:36

Од 1 мај годинава ќе биде воспоставена нова редовна авиолинија Рим - Скопје - Рим...

Од 1 мај годинава ќе биде воспоставена нова редовна авиолинија Рим - Скопје - Рим. Станува збор за директен лет од аеродромот „Леонардо да Винчи“ во Рим до аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, кој ќе сообраќа 7 пати неделно, односно на дневна база преку операторот „Алиталиа“, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

„Алиталиа“ е најголемата авиокомпанија во Италија која опслужува повеќе од 98 дестинации во 44 земји, а за летот Рим - Скопје е особено важна поврзаноста на нивниот главен хаб – аеродром „Леонардо да Винчи“ со Северна Америка, односно Канада, особено градовите Њу Јорк и Торонто, каде ќе можат да се трансферираат патниците од и до Скопје.

Воспоставувањето на новиот лет до Скопје на дневна база е одлука на компанијата по извршената анализа за нови летови во регионот, каде, меѓу останатите земени предвид биле и аеродромите во Приштина и Загреб. За реализацијата на директниот лет Рим - Скопје ќе се користат воздухопловите Airbus 320 и Embraer 175.