Сообраќајот на патот Кичево-Охрид кај Врбјани во прекин поради минирање
22.02.2017 08:20
Прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот помеѓу 13 и 16 часот во траење од околу 15 – 20 минути...

Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид по планинскиот превој Пресека кај село Врбјани ќе биде во прекин поради изведување работи на пат - минирање.
Како што соопшти ЈП Македонија пат, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот помеѓу 13 и 16 часот во траење од околу 15 – 20 минути.
