Лоша година за овчарството

22.02.2017 10:13

Јагнешкото е трет извозен земјоделски-прехранбен производ во земјава. Годишно од извоз се добиваат скоро 13 милиони евра. За жал, за шпицот оваа сезона, овчарите се воздржани за ќарот од пласманот на јагнешкото. Велат дека поради јаката зима имаат поголеми производствени трошоци, а откупна цена што ја нудат трговците е помала.

Лоша година за овчарството, долгата и студена зима ги зголеми трошоците за потребните поголемени количество храна за стадата. Од друга страна на сточарите ни пресметките дома не им се совпаѓаат со оние на пазарот. Иако има помалку од два месеца до велигденскиот извозен шпиц, цените на јагнињата се пониски од ланските.

Во моментов трговците нудат до 120 денари за килограм жива мера, додека ланската беше до 150 денари. Овчарите се надеваат дека нешто ќе може да се спаси пред велигденските празници и дека ќе можат да ги продаваат јагнињата поскапо иако дел од нив се веќе потешки од што се бара на пазарот.

Овчарството е трето по ред во извозот на земјоделско прехранбените производи. Годишно во просек се продаваат скоро 2.800 тони јагнешко и овчо месо, во вредност од 13 милиони евра.

Лани во Македонија биле регистрирани скоро 800.000 овци и јагниња.

 

Методија Трајков