Второ рочиште за настаните во Општина Центар
Меѓу обвинетите од СЈО се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски и некогашната советничка во Центар, Даниела Рангелова.

Денеска е закажано второто рочиште за настаните во Општина Центар, судење за случајот покренат од Специјалното јавно обвинителство. Во него за насилство се обвинети 14 лица од кои 5 лица како поттикнувачи, а останатите се директни извршители.
Меѓу обвинетите од СЈО се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски и некогашната советничка во Центар, Даниела Рангелова.
Според скопскиот Кривичен, прислушуваните разговори не можат да бидат доказ во овој случај затоа што аудио материјалите биле прибавени на незаконски начин, со што се прекршени слободите и правата.
