Десетгодишно девојче со оштетен вид издаде стихозбирка

22.02.2017 10:50

Хендикепот не секогаш значи и затвореност во себе и отуѓување од светот. Во случајот со ресенчанката Јована тоа е можност да му покаже на светот дека може да твори и да придонесува кон развојот на културните дејности.

Долготраен аплауз од 200 присутни во салата на Собранието, измешан со емоции. Вака започна промоцијата на првата стихозборка на 10 годишната Јована Трајчевска. Својот талент кон поезијата го почувствувала пред година и половина, кога со помош на мајка ѝ почнала да ја пишува.

Збирката е насловена „Тајните на моето срце“ и е инспирирана од секојдневните ситуации.

Јована, и покрај тоа што го има изгубено видот, поседува талент за свирење клавир и хармоника, а одлично влече шаховски потези и владее со математиката. Ваквите таленти се поддржани од општината.

Јована и покрај хендикепот што го има, досега оствојувала голем број награди и признанија во повеќе области.

Сандре Темелковски