Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај

22.02.2017 10:53

Од Македонски железници- Транспорт, вчера соопштија дека до крајот на месецот треба да се исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10-ти март и вториот. Ова е неприфатливо за организаторите на протестот.

Железничкиот сообраќај е сѐ уште во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат исплата на јануарската плата. Не сообраќаат патничките и товарните возови.

Од Македонски железници- Транспорт, вчера соопштија  дека до крајот на месецот треба да се исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10-ти март и вториот. Ова е неприфатливо за организаторите на протестот.

МЖ- Транспорт информираше и дека во соработка со Владата треба да се финализира и решението за подолгорочно решавање на состојбата во Македонски железници.