Уапсен осомничениот за убиството во Охрид

22.02.2017 11:44

Осомничениот во моментот на кривичното дело живеел во иста зграда со жртвата и се познавал со неа, и се верува дека потоа заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државава.

Фатен осомничениот за разбојништвото со смртни последици во Охрид, при што настрада 67- годишна жена. Јавното обвинителство соопшти дека во координирана акција на надлежните органини е уапсен Кумановец.

Осомничениот во моментот на кривичното дело живеел во иста зграда со жртвата и се познавал со неа, и се верува дека потоа заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државава.

Се преземаат дејствија за расветлување на случајот.