Во март посета на Могерини на Западен Балкан

22.02.2017 12:28

На мини- турнејата, Могерини ќе го потврди неповратниот процес на интеграција на земјите од Западен Балкан во Унијата. Тоа е клучен приоритет преку реформите Западниот Балкан да се интегрира во ЕУ- порача Могерини, но дополни дека регионалната соработка и доборососедските односи се од суштинско значење.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, од први до четврти март ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Македонија- јавува МИА, што е потврдено од нејзиниот кабинет.

На мини- турнејата, Могерини ќе го потврди неповратниот процес на интеграција на овие земји во Унијата. Тоа е клучен приоритет преку реформите Западниот Балкан да се интегрира во ЕУ- порача Могерини, но дополни дека регионалната соработка и доборососедските односи се од суштинско значење.

Идниот месец министрите за надворешни работи на Унијата ќе бидат известени од Могерини за средбите со политичките власти од земјите на Западниот Балкан.