Турција уапси 35 членови на Исламска држава
22.02.2017 13:38
При претресите во десетици домови се запленети многу документи, фотографии и видеоматеријали.

Турската полиција во Истанбул уапси 35 лица осомничени за учество во операциите на терористичката група „Исламска држава“.
При претресите во десетици домови се запленети многу документи, фотографии и видеоматеријали.
Од лани, Турција и опозициската Сириска слободна армија почнаа операцијата „Штитот на Еуфрат“ за ослободување на северниот дел на Сирија од сите терористички групи.
