Основен суд Скопје 1: Однесувањето на обвинителките од СЈО незапаметено во историјата на судот
Однесувајќи се дрско, крајно непрофесионално, злупотребувајќи го правото на збор и погазувајќи го секој принцип од кодексот на јавно обвинителска етика, покажале каков е нивниот однос кон судската власт- велат во Кривичен.

Во досегашното 72 годишно постоење на Основниот суд- Скопје 1 не се памети вакво однесување и непочитување на јавен обвинител во судница, како кон судот, судската власт, така и кон судијата кој ја води постапката- реагираат од скопскиот Кривичен суд за однесувањето на специјалните обвинителки Јанева и Фетаи на денешното рочиште по предметот на СЈО.
Однесувајќи се дрско, крајно непрофесионално, злупотребувајќи го правото на збор и погазувајќи го секој принцип од кодексот на јавно обвинителска етика, покажале каков е нивниот однос кон судската власт- велат во Кривичен.
Забележани се навредите на обвинителките при што тие биле повеќе пати и предупредени да се воздржат од таквото однесувње. Сепак, и покрај опoмените Јанева и Фетаи продолжиле со навредите, велат во Кривичниот суд, дополнувајќи дека специјалните обвинителки имале за цел да одглумат улога на рочиштето.
Затоа судечкиот судија решил предметот да го достави до Советот за јавни обвинители за да се произнесе за однесувањето на обвинителките, што претставува според Судот, напад врз македонскиот судски систем.
