Обуки за користење на парите од Фондот за иновации
Сојузот на стопански комори и Фондот за иновации почнуваат со обуки на компаниите. Целта е поголема искористеност на парите на Фондот за развивање иновативни производи, и за средствата наменети за новооснованите старт-ап и спин-оф друштва. Четвртиот повик трае до 3-ти мај.

Финансиската подршка за малите и средни фирми со иновативни решенија е клучна за лансирање нови прозиводи и решенија, техничката подршка е неопходна иновацијата да се пробие на странските пазари. Компаниите имаат потреба од консултански услуги и обуки, идејата да ја преточат во бизнис план- наспроти објавениот повик од Фондот за иновации. Најголеми забелешки комитетот за оценување на апликациите има во однос на пазарниот потенцијал.
„Апликациите секогаш пристигнуваат последните 10- 15 дена пред рокот, затоа што на компаниите секогаш им треба време и ресурси за да подготват еден предлог проект. Треба да ги соберат сите информации, за пазарот, за потенцијалните клиенти, што на клиените им треба, за да можат да имаат што повеќе факти во аликацијата, дека тоа решение му е потребно на пазарот“, вели Јасмина Поповска, директор на Фондот за иновации .
Со четвртиот повик на располагање се 15 грантови до 30 илјади евра наменети за старт ап и спин оф бизниси, 10 грантови до 100 илјади евра за комерцијализација на иновации. Интерес има, но вели Поповска, апликациите вообичаено стигнуваат последните неколку дена. На фирмите има е потребен тајминг да ги соберат информациите за пазарниот потенцијал, за потребите на клиентите да неведат повеке факти во апликациите, докази дека иновативното решение му е потребно на пазарот.
„Од нашето искуство, финансиската поддршка за компаниите била клучна за нивниот бизнис, за развивање иновативен производ, како и за пробивање на странските пазари со својот квалитетен и поконкурентен производ“, изјави Митко Алексов, извршен директор на ССК.
Годинава Фондот за иновации треба да пласира 3,7 милиони евра за подршка на иновативни компании. Се очекува и формирање на Фонд за еквити инвестиции преку кој до 2019-та треба да бидат пласирани 30 милиони евра.
Сузана Фиданска- Стоевска
