Британскиот министер за Европа и Америка утре во Македонија
Како што информираат од британскиот „Форин Офис“, тема на разговорите ќе биде актуелната политичка ситуација, потребните итни реформи за членството во НАТО и ЕУ, како и плановите на лидерите за изградба на просперитетна и инклузивна држава.

Британскиот министер за Европа и Америка, сер Алан Данкан, утре доаѓа во Македонија. Предвидени се средби со претседателот Иванов, со шефот на дипломатијата Попоски, како и со лидерите на сите политички партии застапени во македонското Собрание.
Како што информираат од британскиот „Форин Офис“, тема на разговорите ќе биде актуелната политичка ситуација, потребните итни реформи за членството во НАТО и ЕУ, како и плановите на лидерите за изградба на просперитетна и инклузивна држава.
За време на дводневната посета се планирани и средби со Специјалното јавно обвинителство и претставници на граѓанскиот сектор.
