Даниелсон: Да се фокусираме на интеграцијата

07.02.2014 12:33

Пристапниот дијалог на високо ниво може само да помогне во интеграцијата на земјата, истакна првиот човек на Директоратот за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон...

Пристапниот дијалог на високо ниво може само да помогне во интеграцијата на земјата, истакна првиот човек на Директоратот за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон на денешното предавање на Правниот факултет во Скопје. Според него, дијалогот и дава можност на Македонија побрзо да ги направи бараните реформи.       

„Пристапниот дијалог на високо ниво е важен, особено за ситуацијата во која се наоѓа земјава денес. Дава можност да се фокусирате на важните прашања во процесот на интеграција и транзиција. Последниот пат се фокусиравме на судството и на настаните од 24-ти декември и мислам дека тоа многу помогна. Јасно даде до знаење шрто прави комисијата и што бара и и даде можност на владата тоа да го реши подобро и побрзо“, изјави Кристијан Даниелсон, наследникот на Стефано Санино. 

 

Катерина Топалова