Хуманитарна катастрофа: Во Јужен Судан прогласена состојба на глад

22.02.2017 15:48

Итна помош во храна им е потребна на околу 70 милиони луѓе низ светот. Луѓето во 45 земји не се во состојба самите да се прехрануваат, главно поради војни, суша или економска нестабилност. Една третина луѓе од тие 70 милиони живеат во Јемен, Нигерија, Јужен Судан и Малави каде што на околу 1,4 милиони деца им се заканува смрт од глад.

Во последните неколку децении глобалната глад е највисоко алармантно ниво. Итна помош во храна им е потребна на околу 70 милиони луѓе низ светот. Луѓето во 45 земји не се во состојба самите да се прехрануваат, главно поради војни, суша или економска нестабилност. Една третина луѓе од тие 70 милиони живеат во Јемен, Нигерија, Јужен Судан и Малави каде што на околу 1,4 милиони деца им се заканува смрт од глад.

Извршниот директор на УНИЦЕФ изјави дека сѐ уште може да се спасат животи, но дека за тоа е потребна итна хуманитарна помош за да не ескалира состојбата.

И папата Франциск побара итна помош за луѓето од Јужен Судан. На плоштадот Свети Петар во Ватикан пред десетици илјади верници рече дека како никогаш порано сите би требало да придонесат нешто за тоа.

Претседателот на Јужен Судан, Силва Кир, чијашто влада во понеделникот прогласи состојба, меѓудругото вети безбеден пристап за организациите за помош до погодените граѓани.

„Владата е свесна за неуспешната жетва минатата година, поради што се преземаат чекори за да се ублажи потенцијалната глад во таа област. Ќе се зголеми понудата на основните прехранбени производи“, изјави Кир.

Јужен Судан го зафати суша која во 2011-та ја одведе Сомалија во состојба на масовна глад кога повеќе од 250.000 луѓе починаа од глад.

Марина Автовска